Сменети сите селектори поради корупција!

Новото раководство на Фудбалската Федерација на Гана се реши за храбар чекор, веднаш по доаѓањето на новиот претседател им беа врачени откази на селекторите на сите репрезентации.

Одлуката се однесува на кормиларот на А-репрезентацијата, Квеси Апија, но и на сите селектори на младите категории во машка и во женска категорија. Според пишувањата на медиумите ширум Африка, причина за вакиот потег се бројните обвиненија за корупција на адреса на досегашните селектори.

„Можеме да потврдиме дека како федерација ги разрешивме од должност сите селектори и помошници. Одлуката се однесува на машките и на женските селекции. Им посакуваме се најдобро, но сојузот сака да продолжи напред со нови лица на овие функции“ – се вели во соопштението на Фудбалската Федерација на Гана.

Се вчитува...