МЗТ Скопје ја продолжи доминацијата во Суперкупот на Македонија откако славеше во финалето на „Драган Василов – Цевка“ со 100-82 над ТФТ. „Сино-белите“ беа подобриот противник, на моменти делуваа незапирливо, а и покрај тоа што „црно-белите“ успеваа да се вратат во мечот и во два наврати да стигнат до негатива од пет поени, немаа сили за целосен камбек.
Тренерот на ТФТ, Боро Смилковски по мечот ја честиташе победата на МЗТ Скопје, но имаше замерка за судиите за кои вели дека не биле на нивото.
„Епитетот единствено го оправда амбиентот. Ние не го оправдавме како екипа и судиите не го оправдаа. Честитки за МЗТ Скопје кој беше подобар противник од нас. Со домашни играчи во второто полувреме одигравме подобро, но се беше преголем залак за нас по лошото прво полувреме. Правевме ние грешки, но и судиите многу грешија. Заслужена титула за МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА