ТФТ одигра добро во првиот дел против Работнички во 1/4 финалето во Купот. Имаше предност, но го загуби во третиот, а победата Работнички ја запечати во последниот период.
Тренерот Боро Смилковски имаше замерки на судењето токму во последната четвртина од мечот, особено кон третиот судија, нарекувајќи го дека е недостоен да суди ваков натпревар.
„Честитки до Работнички за победата. Сепак, морам да истакнам дека имавме катастрофални судиски грешки во последната четвртина, особено од третиот судија кој не беше планирано да суди. Првпат коментирам судење, но ние премногу се вложивме во оваа мисија, и материјално, и емотивно и финасиски. Поразот го гледам во нашиот тим, но и во еден од судиите кој не беше достоен за ваков натпревар“, рече Смилковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА