Со ефектен гол на Димитар Митровски во 90. минута „пандевци“ славеа во Кавадарци, Шкендија сигурно, а Пелистер до прва победа во 24. коло (ВИДЕО)

ПМФЛ – 24. КОЛО….РЕЗУЛТАТИ ВО ЖИВО…

Тетово: РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (2-1)

Селмани 48′, Шефити 58′(п) – Рушевиќ 90′

Кавадарци: ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ (1-2)

Нгоба 54′ – Велиновски 1′, Митровски 90′

Скопје: СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-2)

Андре Лима 11′, Шаља 64′

Битола: ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (2-0)

Љамчевски 23′, Едгар Натрант 90′

Велес: БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

Атанасковски 5′

ВЧЕРА

СТРУГА ТЛ – ШКУПИ 1-3

======================================================================================

  • Завршен и натпреварот во Автокоманда, Шкендија славеше со 0-2.
  • Крај и во Битола каде Пелистер дојде до првиот триумф во шампионатот дури во 24. коло, славејќи над Брегалница со 2-0.
  • Крај на натпреварите во Кавадарци, Тетово и Велес. Победа на Академија Пандев со Тиквеш од 1-2, триумф на Ренова од 2-1 против Работнички и „лавовите“ славеа со 0-1 против Борец во Велес.

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (2-1)

2-1 – 90′ – ГООООЛ ЗА РАБОТНИЧКИ. Анес Рушевиќ ја ублажува предноста на Ренова.

ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (2-0)

2-0 – 90′ – ГОООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Со голот на Едгар Натрант по брз контранапад Пелистер ја запечатува победата

ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ (1-2)

1-2 – 90′ – ГООООЛ ЗА АК. ПАНДЕВ. Димитар Митровски со ефектен гол од 20 метри носи предност за гостите!


СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-2)

0-2 – 64′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Аденис Шаља го зголемува водството на тетовци

РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (2-0)

2-0 – 58′ – ГОООООЛ ЗА РЕНОВА. Шефити со гол од пенал ја големува предноста за својот тим

ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ (1-1)

1-1 – 54′ – ГОООООЛ ЗА ТИКВЕШ. По корнерот од десната страна, на само еден метар пред голот на „пандевци“ осамен Нгоба кој ја сместува топката во мрежата


РЕНОВА – РАБОТНИЧКИ (1-0)

1-0 – 48′ – ГООООООЛ ЗА РЕНОВА. Ремзифаик Селмани носи предност за „гипсарите“ против Работнички

  • Почеток на второто полувреме на натпреварите од 24. коло во ПМФЛ
  • КРАЈ НА ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ

ПЕЛИСТЕР – БРЕГАЛНИЦА (1-0)

1-0 – 23′ – ГООООЛ ЗА ПЕЛИСТЕР. Домашните со голот на Петар Љамчевски поведуваат против штипјани

СКОПЈЕ – ШКЕНДИЈА (0-1)

0-1 – 11′ – ГОООООЛ ЗА ШКЕНДИЈА. Андре Лима носи предност и за Шкендија на гости кај Скопје


ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

11′ – НЕПРИЗНАЕН ЧИСТ ГОЛ НА ТИКВЕШ. По корнерот од левата страна и мешаницата пред голот на гостите, топката со сигурност ја мина гол-линијата но ниту помошникот, ниту страничниот судија не го видоа очигледниот гол на Тиквеш…

БОРЕЦ – МАКЕДОНИЈА ЃП (0-1)

0-1 – 5′ – ГОООООЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ЃП. Давид Атанасковски носи предност за „лавовите“ во Велес

ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ (0-1)

0-1 – 1′ – ГООООООЛ ЗА АК.ПАНДЕВ. По само 30 секунди игра во Кавадарци, со голот Велиновски Академија Пандев поведува во Кавадарци

  • ПОЧЕТОК НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД 24. КОЛО ВО ПМФЛ

======================================================================================

Во 24. коло од ПМФЛ, Шкендија ќе мора да извојува победа на гостувањето против Скопје ако сака да остане во каков-таков ритам со Шкупи. Академија Пандев е  фаворит против Тиквеш за нови три бода и задржување на втората позиција.

Сите најнови случувања, шанси и голови од денешните средби ќе можете да ги следите во живо на ЕКИПА.МК.

Се вчитува...