Со елиминацијата на Циципас е урната традиција на грендслемовите долга 150 години

Од првиот грандслем во историјата кој се одржа во 1877 година, па досега, во четвртфиналето на грендслем турнирите имало тенисер кој бекенд игра со една рака, се до актуелниот УС Опен.

Стефанос Циципас утринава беше елиминиран од Американецот Бен Шелтон во три сета (6:4,6:3,6:4) во меч кој се играше во рамки од осминафиналето на УС Опен, a Гркот беше последна надеж за продолжување на традицијата.

„Не е работата дали јас имам мислење или не. Тоа што јас го кажувам е очигледно, еднорачниот бекенд е удар кој полека исчезнува. Доколку споредите со 1950-те и 1960-те години, постои голем пат во играњето со еднорачен бекенд. Неодамна видов еден податок, во 1950-тите години околу 97-98 отсто од тенисерите користеле еднорачен бекенд, а сега сме сведени на само 2-3 отсто“, вели Циципас.

Според грчкиот тенисер, тенисот ќе продолжи да се развива и покрај прекинувањето на традицијата долга еден и пол век.

„Дали ќе биде крајот на светот ако никој не игра еднорачен бекенд? Не, Тенисот ќе продолжи да живее како и досега“, додава Циципас.

Се вчитува...