Со ГОЛЧИШТЕ на Мартинага „пандевци“ во 94. минута ја победија Ренова, Тиквеш со пресврт-триумф против Скопје (ВИДЕО)

Академија Пандев со евро-голот на хрватскиот интернационалец Мартинага директно од слободен удар од околу 30 метри во 94. минута дојде до повеќе од значајна победа од 0-1 на гостувањето против Ренова во 28. коло од Првата македонска лига.

Со оваа победа, „пандевци“ се издвоија на втората позиција на табелата откако Шкендија одигра натпревар без голови на гостувањето против Брегалница во Штип.

Мартинага, во секој случај, со голот во 94. минута за триумф на Академија Пандев го одбелажа фудбалскиот ден во Македонија.

Тиквеш, пак, со пресврт победи со 1-2 против Скопје во Автокоманда. Скопје поведе против Тиквеш со 1-0 со ефектниот погодок на Дино Најдоски уште во 19. минута од натпреварот.

Но, во второто полувреме комплетен пресврт на дуелот во Автокоманда. Најпрво Ристе Каракамишев во 63. минута го израмни резултатот на 1-1…

А, во 73. минута Едис Спахиу стрелаше за водство од 1-2 на кавадарчани.


ПРВА ЛИГА – 28. КОЛО
Штип: БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА 0-0

Скопје: СКОПЈЕ – ТИКВЕШ 1-2

Најдоски 19′ – Каракамишев 63′, Спахиу 73′

Тетово: РЕНОВА – АК. ПАНДЕВ 0-1

Мартинага 90’+4

ВЧЕРА

Битола: ПЕЛИСТЕР – ШКУПИ 0-1

Имери 65′

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 1-0

Емини 11′

Велес: БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ 2-0

Ѓорѓевиќ 64′, Ѓоргиев 77′(п)

Се вчитува...