Со Марадона ја покори Италија, а сега е зависник кој едвај преживува

Пјетро Пуцоне е славно фудбалско име на Наполи од времето кога Диего Армандо Марадона царуваше во Италија.

Но, денес, славниот фудбалер од средниот ред на Наполи е бескуќник кој живее сам на улица и едвај преживува. „Газета дело спорт“ ја пренесува тажната приказна за Пуцоне кој, иако еден од најбогатите фудбалери од тој период на Наполи, сега е зависник кој нема парче леб за преживување.

Веста за Пуцоне дојде и до фудбалерите на Наполи кои преку видео-материјал искажаа поддршка за него, а градоначалникот на Ачера, по објавената информација, истакна дека се преземаат сите мерки за животот на Пуцоне да се врати во нормала.

„Ќе се обидеме повторно да го вратиме на вистинскиот пат, но досегашните советувања и обиди за одвикнување од дрогата не вродија со плод. Се надевам дека гестот од фудбалерите на Наполи барем малку ќе го мотивира да поработи на себе“ – истакна градоначалникот Летиери.

Пуцоне беше фудбалер на Наполи во легендарната 1987 година кога Наполи ја освои Серија А со три бода предност пред тогаш второпласираниот Јувентус.

Се вчитува...