Со супер-гол директно од корнер Љуботен до трофејот во Купот на Македонија (ВИДЕО)

Фудбалерките на ЖФК Љуботен се победнички на Купот на Македонија откако во финалето против Каменица Саса триумфираа со 1-0.

На дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Велес, ‘љуботенки’ до трофејот дојдоа со голот во 93. минута од средбата.

Александра Маркоска постигна супер-гол директно од корнерот со очигледна помош и на противничката голманка која несигурно реагираше во одлучувачкиот момент кој го донесе трофејот за Љуботен.

Се вчитува...