Со супер мајсторија, Леброн ги одведе Лејкерс до победа над Бостон (ВИДЕО)

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис го предводеа Лос Анџелес Лејкерс до петтата последовна победа, тесна над Бостон од 114-112 и вкупен биланс 42-12, далеку пред конкуренцијата во Западната конференција. Дејвис беше прв стрелец во натпреварот кој драматично беше решен во поседните минути. Постигна 32 поена, имаше и 13 скока. Џејмс средбата ја заврши со 29 поени. Кај Бостон кој сега има ефект од  39-17 за трето место на Исток, Џејлен Браун беше најефикасен со 41 поен.

Клучен момент во неизесниот финиш беше супер потегот на Џејмс, погоди од свртување преку Џејелн браун при резултат 109-110 за Бостон и „лејкерс“ поведоа, а потоа и ја потврдија победата.

 

 

 

Денвер им се врати на победите, по двата врзани пораза, славеше над Минесота со 128-116. Пол Млсап со 25 поени беше прв стрелец, а одлична партија имаше Никола јокиќ со 24 поени. Денвер е второпласиран на Запад со биланс 39-18, додека Минесота е далеку од плеј-оф пласман, со ефект 16-38 е претпоследна на Исток.

Со 41 поен на Си Џеј Меккалум, Портланд извлече тесна победа над Детроит од 107-104, Зајон Вилијамсон осми натпревар по ред е на плус 20 поени, постигна 28 и беше прв стрелец во победата на Њу Орлеанс над Голден Стејт од 115-101. Шампионот Торонто беше без милост за Индијана, ја победи со високи 127-81. Паскал Сиакам со 21 поен беше лидер на тимот кој е второпласиран на Исток.

Бил Бредли постигна неверојатни 51 поен за Вашингтон, но неговиот тим сепак загуби од Чикаго со 126-117. За Бредли ова е рекорд на кариерата.

 

Се вчитува...