Собослаи во главна улога, проектил во триумфот над Лајпциг над Штутгарт

Лајпциг одлично ја отвори новата 2023 година откако на ремито со Баерн Минхен се надоврза со две победи, вклучувајќи ја и оваа вечерашната над Штутгарт со резултат 2-1.

Доминик Собослаи беше човекот на одлука на оваа средба, постигнувајќи ги двата гола за Лајпциг, од кои особено убав беше оној првиот, од слободен удар од триесетина метри. Собослаи на самиот почеток од второто полувреме зголеми на 2-0 на асистенција на Силва, а гостите до крајот успеаја само да го ублажат поразот, со гол од пенал.

Лајпциг со овој триумф се искачи на второто место на табелата, со само еден бод заостанување зад лидерот Баерн, но и меч повеќе во однос на баварскиот гигант.

Се вчитува...