Соиграч на Столе Димитриевски потпишува за Реал Мадрид

Реал Мадрид по голема битка го совлада Рајо Валјекано со 2-1, а веднаш по натпреварот Карло Анчелоти објави и дека „кралевите“ првиот трансфер за наредната сезона ќе го комплетираат токму од мадридскиот ривал за кој настапува и македонскиот голман Столе Димитриевски. Станува збор за левиот бек Фран Гарсија, поранешен младински репрезентативец на Шпанија кој сезонава е незаменлив во редовите на Рајо со 37 натпревари, еден постигнат гол и две асистенции

Фран Гарсија (23 години) е продукт на младинската школа на Реал Мадрид, настапуваше и за Б-тимот на „кралевите“, а во 2020 година замина на позајмица во Рајо. Челниците на клубот беа презадоволни и за два милиони евра го откупија од Реал, а сега се очекува добро да заработат од продажбата на истиот фудбалер назад во тборот на „кралевите“.

„Фран Гарсија е лев бек кој има многу енергија во себе. Многу е брз кога ја има топката во посед и одличен е во нападот. Одговара на стилот на игра на Реал и следната сезона ќе биде со нас“, изјави Карло Анчелоти, потврдувајќи го првиот летен трансфер на шпанскиот фудбалски гигант.

Се вчитува...