Солиден настап на македонските пливачи на првиот ден на ЕП во Будимпешта

Македонските пливачи Миа Блажевска Еминова и Филип Деркоски имаа солиден настап на првиот ден на Европското првенство во пливачки спортови во Будимпешта. Деркоски на 400 метри слободно заврши со време од 4:04.10 што беше за скоро три секунди побрзо од неговото пријавено време. Со овој резултат Деркоски квалификациите ги заврши на 46 позиција од вкупно 50 пливачи.

Блажевска Еминова со 26.64 беше шест стотинки послаба од пријавеното време и на крајот делницата од 50 метри грбно ја заврши како 51 од вкупно 62 пливачки.

Се вчитува...