Солиден настап на македонските пливачи на Светското првенство во Абу Даби

Четворица македонски пливача утрово имаа свој настап на Светското првенство во кратки базени кое се одржува во Абу Даби. Олимпијката Миа Блажевска Еминова на трката на 100 метри слободно заврши на 44. позиција од вкупно 90 натпреварувачки. Таа делницата од 100 метри ја исплива за време од 56.55 секунди што е за 38 стотинки послабо од нејзиното најдобро време.

Втората македонска претставничка, Ева Петровска заврши претпоследна на 800 метри со време од 8:59.55 минути. Давор Петровски на 200 метри слободно заврши на 61. позиција од вкупно 76 пливачи со време 1:56.54 минута, додека Стефан Цветковски го освои 77. место на 100 метри пеперутка со време од 58.91 секунди.

Се вчитува...