Солскјер против Солскјер: Таткото славеше против синот

Манчестер Јунајтед славеше со 1-0 на контролниот натпревар со Кристијанштад, пријателски меч што беше од посебно значење за Оле Гунар Солскјер. Норвешкиот стратег се врати во својот роден град, а згора на тоа за ривал го имаше и 19-годишниот син Ноа, кој влезе во игра во 86. минута од натпреварот.

Мечот не изобилуваше со премногу шанси, а беше решен со пенал во самиот финиш што Мата го претвори во победнички погодок за „црвените ѓаволи“.

Манчестер Јунајтед последниот натпревар од подготовките за новата сезона ќе го игра в сабота против Милан, на „Милениум“ стадионот во Кардиф.

Се вчитува...