Солзите радосници на Ѓоргиев – одбојкарска фотка на месецот

Фотографијата на која нашиот капитен Никола Ѓоргиев лее солзи радосници по обезбеденото учество на ЕП 2019 е избрана за одбојкарска фотка на месецот од страна на Европската куќа на одбојката (ЦЕВ).

Фоторепортерот на ЕКИПА, Роберт Спасовски, го „улови“ моментот на бескрајна радост на нашиот најдобар одбојкар, кој по бројни одлични натпревари, но и разочарувања во клучните моменти – го дочека остварувањето на големиот сон – да ја одведе Македонија на едно големо натпреварување.

Македонија ќе биде дел од групата од ЕП што ќе се игра во Љубљана, а за противници ќе ги има селекциите на Словенија, Финска, Турција, Русија, и Белорусија.

Се вчитува...