Сонот на Унион Берлин за титула продолжува, го „срушија“ и градскиот ривал на негов терен (ВИДЕО)

Серијата на успешни резултати и бајковитиот пласман на табелата во Бундеслигата на Унион Берлин и натаму продолжува, откако „црвено-белите“ победија против лутиот градски ривал, и тоа на „Олимпискиот стадион“ во главниот германски град. Херта мораше уште еднаш да го положи оружјето, откако на свој терен е поразена со 0-2, и со тоа остануваат „сино-белите“ да се борат за гол опстанок.

Доеки во 44. минута донесе водство за гостите, а Сегуин во 67. минута погоди за 0-2. Во ситуацијата за вториот гол се гледаше и ВАР технологија, и малку недостасуваше не само да го поништи голот, туку и да досуди пенал за Херта, но Феликс Брих остана на својата првобитна одлука.

Унион со оваа победа се израмни на табелата со водечкиот Баерн Минхен, и двата тима имаат по 36 бода.

Готова е серијата на Волфсбург која траеше шест победи по ред во Бундеслигата, или вкупно 10 меча без пораз. Попладнево тимот на Вердер Бремен беше поуспешен од „волците“, благодарение на фантастичната партија на репрезентативецот Никлас Филкруг кој постигна два гола.

Првиот германскиот репрезентативен напаѓач го постигна во 24. минута од белата тошка, додека во 77. минута по асистенција на Вајзер, повторно го најде патот до мрежата, и го симна Волфсбург за момент од ТОП 5, и покрај тоа што Волфсбург на крајот постигна само почесен гол преку Паредес.

Убедлива победа од 5-2 оствари тимот на Мајнц над Бохум. Домашниот тим имаше предност од 4-0, па потоа намалија гостите на 4-2, но без шанса да сторат нешто повеќе.

Ја Сунг, Видмер и Онисиво во првиот дел донесоа 3-0 за Мајнц, а Онисиво зголеми на 4-0. Следуваа голови на Кунде и Машовиќ за намалување на 4-2, а Онисиво во 88. минута го комплетираше „хет-трикот“.

Убедлив триумф оствари и Борусија Менхенгладбах, која со 1-4 ја сволада екипата на Хофенхај, Победата на гостите ја донесоа двата гола на Хофман, и по еден на Штиндл и Волф, додека Бебу го постигна единствениот гол за Хофенхајм.

Фрајбург продолжи со добрите настапи и пласманот на табелата по победата над Аугзбург од 3-1. Грегорич донесе 1-0, Бериша израмни на 1-1, а потоа Холер и Линарт донесоа конечен триумф.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...