Сонот не стане јаве – Македонија поразена од Чешка во мечот за бронзата

Кошаркаркарската репрезентација на Македонија до 18 години не успеа да се пласира во А-дивизијата, откако во клучниот натпревар за третото место на шампионатот Б-дивизија во Романија, загуби од репрезентацијата на Чешка со 89-80. Заморот и згуснатиот распоред во кој за три дена одигравме три натпревари беа клучни за падот на формата во финишот. И покрај поразот, Тони Симиќ и неговите кошаркари покажаа дека Македонија има светла кошаркарска иднина.

Натпреварот се движеше во егал до 7. минута кога Чесите со серија од 10-2 стигнаа до убедливи 28-17, по кои селектрото Симиќ мораше да побара тајм-аут. Нашите момци се консолидираа, врзувајќи четири поени до крајот на четвртината за резултат (28-21). Во втората чевртина на теренот излезе нова Македонија која со одлична игра во одбраната, а особено во нападот вториот период го доби со 28-17, а на полувреме замина со водство од 49-45.

Како и на стартот на мечот, така и на стартот на второто полувреме Чесите подобро се снајдоа. Тие во третата четвртина погодуваа буквално од секоја позиција, успевајќи да постигнат 30 поени, а резултатот пред стартот на последниот период изнесуваше (75-67).

Во последната четвртина продолжи лошата игра на Македонија постигнувајќи само четири поени во првите седум минути. Згуснатиот распоред и играњето три тешки натпревари во три дена беа причината за наш конечен пораз од Чешка од 89-80.

Марко Миловановиќ беше најдобар во нашиот табор со 24 поени, надополнети со 4 скока. Савичевиќ уфрли 19, додека нашиот најдобар кошаркар на турнирот Андреј Јакимовски запиша 17 поени.

Македонија шампонатот до 18 години Б-дивизија го заврши на одличната четврта позиција, забележувајќи шест победи и само два порази.

Се вчитува...