Состави ЛШ: Инсиње во стартниот тим, Елмас на клупата

Елиф Елмас нема да биде стартер во тимот на Наполи за вечерашното гостување против Барселона откако Лоренцо Инсиње доби зелено светло за настап на „Камп Ноу“. Капитенот на „наполитанците“ се повреди пред помалку од една седмица, во последното коло против Лацио, но лекарите успеаја да го приспособат за настап од првата минута против Барса. Тој ќе почне во напаѓачкото трио заедно со Калјехон и со Мертенс, а Елмас ќе чека шанса да влезе во игра и да блесне во второто полувреме.

Баерн Минхен го пречекува Челси без поголеми изненадувања, предводен од Левандовски и Милер во нападот. На спротивната страна, гостите се со изменета формација, Лампард отстапи од тактиката со тројца дефанзивци во линија и се реши за згуснат среден ред, со камбек на Нголо Канте. Жиру и покрај добрите партии во последно време овојпат ќе стартува на клупата, откако стратегот на „сините“ реши да му даде шанса на Абрахам крај Хадсон Одои.

 

БАРСЕЛОНА – НАПОЛИ

Барселона: Тер Штеген, Семедо, Алба, Пике, Ленгле, Ракитиќ, Роберто, Де Јонг, Гризман, Меси, Суарез.

Наполи: Оспина, Ди Лоренцо, Манолас, Кулибали, Марио Руи, Руиз, Деме, Зиелински, Калјехон, Инсиње, Мертенс.

БАЕРН М. – ЧЕЛСИ

БАЕРН: Нојер, Кимих, Дејвис, Алаба, Боатенг, Тијаго, Горецка, Перишиќ, Гнабри, Милер, Левандовски.

ЧЕЛСИ: Кабалјеро, Џејмс, Џума, Кристенсен, Емерсон, Канте, Ковачиќ, Баркли, Маунт, Хадсон Одои, Абрахам.

Се вчитува...