СП кошарка: Американците против Србите – можна пресметка дури во полуфинале

Кошаркарската репрезентација на САД ќе биде во група со селекциите на Турција, Јапонија и на Чешка во прелиминарниот сегмент на Светското првенство. Вака одреди ждребот во Шенжен. Американците до полуфиналето нема да можат да се сретнат со репрезентацијата на Србија, која е можеби и единствената селекција што на некој начин може да им го загрози приматот.

Србите се наоѓаат во групата Д, заедно со селекциите на Италија, Ангола и на Филипините. Интересна е и групата Х, каде се најдоа репрезентациите на Канада, Литванија, Австралија и на Сенегал.

Светското првенство во Кина ќе се одржи од 31.август до 15.септември оваа година, а титулата ја брани селекцијата на Соединетите Американски Држави.

ГРУПИ ЗА СП 

А: Брег на Слонова Коска, Полска, Венецуела, Кина

Б: Русија, Аргентина, Јужна Кореја, Нигерија

Ц: Шпанија, Иран, Порторико, Тунис

Д: Ангола, Филипини, Италија, Србија

Е: Турција, Чешка, САД, Јапонија

Ф: Грција, Нов Зеланд, Бразил, Црна Гора

Г: Доминиканска Република, Франција, Германија, Јордан

Х: Канада, Сенегал, Литванија, Австралија

 

Се вчитува...