СП ракомет: Црногорките ја „турнаа“ Шпанија во полуфинале

Норвешка ќе се сретне со Шпанија, а Русија ќе ги одмери силите со Холандија во полуфиналните пресметки од СП 2019 во ракомет за жени, по денешните натпревари од последното коло во групната фаза.

Шпанките го загубија денешниот дуел со Русија со убедливи 26-36, но се задржаа на второто место благодарение на селекцијата на Црна Гора, која славеше над Шведска со 26-23. Швеѓанките со триумф на овој меч ќе стигнеа до второто место и пласман во полуфиналето, но со денешниот пораз паднаа на четвртото место во групата. Црна Гора со победата се искачи на третата позиција, за место во предолимписките квалификации.

Норвешка триумфираше со 32-29 над Германија, осигурувајќи си го првото место во групата. Поразот на Германија значеше и одлична вест за Србија, со оглед на фактот дека нашиот северен сосед го освои третото место во групата, со тоа и пласман на квалификацискиот турнир за ОИ во Токио.

Се вчитува...