СП ракомет жени: Романија на крилата на Неагу до втора фаза, реми на Кореја и Германија

Репрезентацијата на Романија предводена од Неагу во трилер меч ја совлада Унгарија со 28-27. Прво име во победничкиот табор беше Неагу со 10 гола oд кои клучен беше победничкиот од пенал на пет секунди до крајот на мечот.  Кај Унгарките се истакна Анико Ковачич со пет гола.

Во вториот меч од понудата од 11 часот Јужна Кореја и Германија одиграа без победник 27-27. Риу со 10 гола беше прво име во корејскиот состав, додека кај Германките се истакна Бенке со седум гола.

Претходно во натпревари без поголемо значење Ангола ја совлада Куба со 40-30, додека Аргентина беше подобра од Конго 25-16.

Се вчитува...