СП ракомет жени: Сензација на Ангола, Србинките потклекнаа пред Норвешка

Ангола го приреди најголемото изненадување на денот на СП во ракомет за жени, откако африканската селекција славеше на дуелот со Словенија со убедливи 24-33. Словенките играа квалитетен ракомет се до денешниот меч, кога налетаа на мотивираниот африкански состав и беа понижени на теренот во Кумамото.

Норвешка останува со максимален ефект триумфирајќи на дуелот со Србија со резултат 28-25. Арнцен и Офтедал со по седум погодоци беа најефикасни во норвешкиот национален тим, а Лисчевиќ со шест и Цвијиќ со пет гола беа најдобри во таборот на Србија.

Црна Гора во драматичен натпревар триумфираше над Унгарија со 25-24, дуел на кој брилијантна беше Јованка Радичевиќ со осум погодоци.

Се вчитува...