СП ракомет жени: Шокантна елиминација на актуелниот светски шампион Франција

Актуелниот шампион Франција доживеа елиминација на Светското првенство во Јапонија, откако во последното коло од Б групата загуби од Данска со 18-20. Очајната игра во нападот беше клучниот фактор еден од првите фаворити за освојување на трофејот да го заврши настапот порано од очекуваното. Јоргенсен со седум гола беше прво име во победничкио табор, додека кај Франција Лакрабер постигна шест гола.

Во дербито на А групата Холандија ја победи Норвешка со 30-28 и со максимални четири бода ќе патува во втората фаза. Најдобар поединец кај Холанѓанките беше Абинг со пет гола, додека Норвежанката Офтедал со девет беше најдобра на натпреварот.

Русија стигна до сигурен триумф над Шведска со 30-22 во последниот натпревар од понудата во 12:30 часот. Неверојатна Фролова со единаесет гола ја водеше „зборнајата“ до првото место во Д групата, додека кај Шведска се истакна Гулден со осум гола.

Се вчитува...