СП ракомет жени: Србија преку Словенија до втора фаза, трилер-победа на Шпанија над Црна Гора

Србија успеа да обезбеди пласман во втората фаза на СП во Јапонија, откако во директниот натпревар ја совлада Словенија со 29-27. Поп Лазиќ со 8 и Лавко со 7 гола беа најдобри поединци во победничкиот табор, додека кај Словенките Станко и Грос постигнаа по 8 гола.

Женската ракометна репрезентација на Црна Гора загуби од Шпанија со 26-27 во последното коло од првата фаза на Светското првенство во Јапонија. Црногорките ја имаа првата позиција во групата Ц се до десетина минути до крајот на мечот каде имаа предност од плус четири 23-19. Сепак, Шпанија успеа да направи неверојатна серија од 0-7 и да стигне до водство од 23-26. Црна Гора успеа со серија од 3-0 да израмни на 20 секунди до крајот, но Барбоса беше херој за шпанките која успеа да постигне гол со звукот на сирената за победа од 26-27.

Во останатите натпревари домаќинот Јапонија во азиското дерби ја совлада Кина со 35-18, Бразил ја декласираше Австралија со 31-9, додека Сенегал Беше подобар од Казахстан со 30-20.

Се вчитува...