СП во ватерполо се одложува поради пандемијата

Светското првенство во ватерполо кое требаше да се одржава во Јапонија оваа година, ќе биде одложено поради пандемијата на коронавирусот, пренесува „Тотал ватерполо“.

Како што се наводи, одлуката е донесена после разговорите со Меѓународната пливачка федерација (ФИНА) и Владата на Јапонија наскоро ќе биде официјализирана.

Турнирот требаше да се одржи во Фукуока од 13 до 29. мај.

Поместувањето ќе се одложи и следниот шампионат во Доха, закажано за ноември 2023 година, кое ќе биде поместено за јануари 2024 година.

Се вчитува...