Спалети го носи Елиф Елмас во Јувентус

Тренерот на Јувентус Лучано Спалети, лично ја одобрил идејата за ангажман на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, пренесуваат италијанските медиуми.

Искусниот стратег има огромна доверба во квалитетите на македонскиот „дијамант“ уште од нивното заедничко време во Наполи, каде што соработуваа и ја освоија историската титула во Серија А. Спалети смета дека Елмас би бил идеално засилување поради неговата поливалентност на теренот, со оглед на тоа што може да покрие повеќе позиции во средниот ред и во нападот.

Фудбалерот, кој беше дел од Наполи како позајмен играч од германски РБ Лајпциг, се наоѓа пред голем предизвик, бидејќи челниците на старата дама веќе ги разгледуваат опциите за реализација на овој трансфер бидејќи најверојатно летово ќе останат без узлугите на Кепрен Турам.

Се вчитува...