Спалети: Икарди беше вклучен во тимот, но одби да патува за Виена

Хаосот во Интер е се поголем. Ситуацијата со Мауро Икарди излегува од контрола. Раководството на клубот одлучи да му ја одземе капитенската лента, најверојатно поради неуспешните преговори за продолжување на договорот, а тој не се најде ниту патниците за Виена, на првиот меч од 1/16-финалето од Лигата на Европа против Рапид.

Тренерот Лучијано Спалети сепак истакна дека Аргентинецот одбил да патува со тимот.

„Сега треба да мислиме на утрешниот меч. Сите треба да бидеме фокусирани на дуелот со Рапид. Одземањето на капитенската лента е едно болно решение за доброто на клубот. Икарди беше вклучен во составот, но тој сам реши да не патува. Очигледно е дека не се чувствува добро“, изјави Спалети.

Се вчитува...