Спалети со пофални зборови за Елмас: Тој е сјај во моите очи

Откако Кварацхелија се повреди, Елмас доби шанса да ги стартува натпреварите и одигра импресивно, даде два гола и асистенција. Поради тоа тренерот на „наполитанците“, Лучијано Спалети има само пофални зборови за македонскиот репрезентативец.

Наполи во моментов е на подготовки во Анталија, а како поранешен фудбалер на Фенербахче, Елмас е посебно интересен за Турците кои го прашаа Спалети што мисли за македонскиот репрезентативец.

„Елмас е сјајот на моите очи, без оглед дали играл или не. Елиф е сјајно момче, кој може да игра на секоја позиција. Тоа е фудбалер кој сака постојано да работи и константно да напредува. Тој е фудбалер кој може да добие меч дури и ако игра десет минути. Фудбалер кој трча, притиска, ја зема топката… Што и да се случи, останува светлината во моите очи“, рече Спалети.

Се вчитува...