Спартак ќе го предизвика ЖРК Ѓорче Петров во финалето на Купот на Македонија

Ракометарките на Спартак испишаа историја за својот клуб откако успеаја да се пласираат во финалето на националниот Куп на Македонија. Тие вечерва во салата „Парк“ во Струмица славеа над Чаир со 24-23.

Првото полувреме помина во израмнета игра на двете страни, се до последните неколку минути кога Спартак одигра одлично и замина на пауза со три гола предност 13-10. Во вториот дел успеаја да ја задржат предноста и да слават со 24-23.

Во финалето нив ги чека ЖРК Ѓорче Петров кој во првото полуфинале ја оправда фаворитската улога против Пелистер.

Се вчитува...