Спасеновски и Османи европски младински шампиони во карате

Македонската карате репрезентација на најдобар можен начин, со два златни медали на последниот натпреварувачки ден, го заврши настапот на Европското првенство за кадети, јуниори и младинци во Алборг, Данска.

Во младинска конкуренција за каратисти до 21 година, Петар Спасеновски стигна до титулата европски шампиони во кумите во категоријата до 84 килограми, додека Доан Османи во категоријата до 75 килограми.

Македонија настапот на ЕП во Данска го заврши со четири освоени медали. Покрај златните на Спасеновски и Османи претходно со сребрени медали се закитија Глигор Петков во јуниорска конкуренција и Бојан Костов во кадетска конкуренција.

Се вчитува...