Спектакл: Македонски третолигаш му понуди на Мурињо…„Дојди во Осогово, ние сме шампиони“

Македонскиот фудбалски третолигаш Осогово од Кочани е посебно активен на Твитер, и се обидува да ја насмее јавноста со своите необични твитови. Последниот е понуда за Жозе Мурињо, кој доби отказ од Манчестер Јунајтед.

Клубот од Кочани му понуди да го преземе тимот на Осогово, бидејќи нема што да загуби, а секако добивка ќе му биде тоа што ќе научи македонски јазик. Осогово е лидер во Третата лига Исток.

Се вчитува...