Спектакл во Бостон, Оклахома подобра од Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Бостон Селтикс во неверојатен спектакл по две продолженија успеа да го победи ЛА Клиперс со 141-133. Епитетот играч на натпреварот го заслужи Џејсон Тејтум кој успеа да уфрли 39 поени, надополнети со 9 скока. Одличен во таборот на Селтикс беше и Маркус Смарт кој мечот го заврши со 31 поен, а Гордон Хејворд забележа дабл-дабл учинок со 21 поен и 13 скока. Кај Клиперс, Кавај Ленард беше најефикасен со 28 поени и 11 скока, додека Лу Вилијамс уфрли 25, а Монтрез Херел 24 поени.

Во вториот натпревар од синоќешната понуда, Оклахома на гостински терен славеше над Њу Орлеанс со 118-123. Во победничката екипа одличен беше Данило Галинари со 29 поени, а за малку му избега трипл-дабл учинок на Крис Пол кој мечот го заврши со 14 поени, 12 асистенции и 8 скока. Спектакуларниот учинок на „новајлијата“ Зајон Вилијамсон кој уфрли 32 поени, не беше доволен за Пеликанс, во кој добра партија имаше и Џеј Џеј Редик кој мечот го заврши со 24 поени.

Се вчитува...