Спектакл во осминафиналето на УС Опен: Рибакина против Осака

Елена Рибакина е во осминафиналето на Отвореното првенство на САД.

Тенисерката од Казахстан се пласираше во осминафиналето на Отвореното првенство на САД, откако во третото коло во Њујорк ја победи Јулија Стародубцева од Украина со 7-6 (8-6), 6-3.

Натпреварот траеше еден час и 52 минути. Рибакина е втора тенисерка во светот, додека Стародубцева е на 58-то место на ВТА листата.

Во осминафиналето, Рибакина ќе игра против Јапонката Наоми Осака, која ја победи Белгијката Елис Мертенс со 6-3, 3-6, 7-5.

Во преостанатите натпревари од осминафиналето на Отвореното првенство на САД ќе се сретнат:

Арина Сабаленка (Белорусија) – Тејлор Таунсенд (САД), Марта Костјук (Украина) – Линда Носкова (Чешка), Џесика Пегула (САД) – Сорана Кирстеа (Романија), Ема Наваро (САД) – Ана Калинскаја (Русија), Мира Андреева (Русија) – Анастасија Потапова (Австрија) и Ига Швионтек (Полска) – Ќинвен Женг (Кина).

Се вчитува...