Специјална награда од Џудо федерацијата на Македонија за амбасадорката на Јапонија (ФОТО)

Во службените простории на Јапонската амбасада се одржа пригодна церемонија на доделување награда почесен црн појас 1 дан од страна на Џудо федерацијата на Р.С. Македонија на нејзината Екселенција Кеико Ханеда, јапонскиот амбасадор во Македонија. Во име на федерацијата плакетата и црниот појас со посвета ја предадоа делегација предводена од претседателот Владимир Трпаноски и потпретседателот Горан Антевски, воедно се заблагодарија за четиригодишната посветеност на Н.Е. Кеико Ханеда за развој и ангажираност на џудо спортот во Македонија.

Н.Е. Кеико Ханеда се изрази голема благодарност за признанието и се заложи во иднина , како почесен член на Џудото во Македонија да продолжи со активностите за соработка на џудо-спортистите од Македонија и Јапонија. Амбасадорката истакна дека во изминатите години во нејзининиот ангажман секогаш го подржувала секој спорт кој ќе го развива духот и здравјето на секој граѓанин. Исто така изрази огромно задоволство за можниот настап на македонските џудисти на престојните Олимписки игри во Токио и можноста за негово омасовување и развој во наредниот период.

Развојот и омасовувањето на џудо спортот исто така е и голем приоритет на џудо-федерацијата, која во предходниот период го стабилизира своето и работењето на џудо-клубовите. Преку активностите за константен напредок и помош на клубовите, во наредниот период цел е да се задржи и зголеми бројот на џудоки. Потребно е во иднина да се доближи овој благороден спорт до секое дете , преку негово изучување и тренинг во училиштата. Заложба е и на Меѓународната џудо-федерација да се подигне во рамките кои ги заслужува овој спорт преку финансиска подршка во најмалку 10 училишта во Македонија.

Јапонската амбасада и во наредниот период ќе продолжи со помош и развој на овој благороден спорт преку материјална подршка во опрема и можност за обука на Џудоки во Јапонија. Исто така беше разговарано за следните активности на започнатиот проект за донација на спортска опрема од страна на Јапонија за Џудо федерацијата на Р.С.Македонија.

Се вчитува...