Специјални чартери, тестови, намалени тимови… Корона-верзија на УС Опен

УС Опен треба да биде првиот грен-слем во 2020 година. Турнирот во Њујорк е закажан редовно,  од 31.август до 13.септември, но и натаму има огромни дилеми околу негвото одржување. Конечна одлука ќе биде донесена во средината или на крајот од јуни, а во меѓувреме организаторите прават планови за тоа како и под кои услови би се одржал турнирот.

Најпоптмистичките вартиајни се дури и да има одреден, ограничен број публика и грен-слемот да биде точно на време според планот. Сепак  клучно ќе биде како ќе се развива ситуацијата со коронавирсот во САД, државата која е лидер според бројот на заболени и на починати лица. Затоа организаторот на УС Опен има многу строги протоколи кои ќе бидат во сила за турнирот да се одржи.

Во прв план е идејата преку партнерските авиокомпании на турнирот, играчите да бидат носени со чартер-летови преку Париз, Виена, Франкфурт, Буенос Аирес и преку Дубаи. Секој тенисер и членовите на неговиот тим ќе треба да приложат негативен тест за COVID-19. Тенисерите би имале пристап до соблекувалните само непосредно пред мечот.

Ќе им строг режим на движење во објеките на турнирт, играчот доаѓа, тренира и си заминува. УС Опен ќе обезбеди масери и физиотерапевти за да се намалат тимовите на играчите. Би имало помалку линиски судии, поголема употеба на техонолигијата, а топчињата ќе ги собираат возрасни.

Тениската сезона беше прекината во март, а во моментов е под комплетна суспензија до крајот од јули. Вимблдон првпат во повоената историја е комплетно откажан, а Ролан Гарос е преместен за на есен.

 

 

Се вчитува...