Спировски: Среќата ни недостасуваше во септември, сега безусловно на триумф

Фудбалерот од средниот ред, Стефан Спировски истакнува дека сите во репрезентацијата се подготвени да го дадат максимумот на терен за триумф на утрешниот квалификациски натпревар против Лихтенштајн во Вадуц за пласман на СП 2022.

„Знаеме дека сме фаворити и не бегаме од тоа. Но, ќе мора сето тоа да го потврдиме на терен затоа што во модерниот фудбал не постојат апсолутни фаворити. Ако ги исполниме зацртаните задачи мислам дека нема од што да се плашиме. Ако ја одиграме нашата игра, знам дека бодовите ќе патуваат за Македонија“ – вели Спировски.

Според членот на украински Мариупол невозможно е среќата повторно да не биде на македонска страна како што беше тоа на претходните три септемвриски дуели.

„На трите натпревари во септември ни недостигаше малку среќа. Одигравме добри натпревари, направивме доволно шанси за голови, ама факторот на среќа не не посака. Можевме да имаме уште плус четири бода од септември, но ете сме сега за да дополниме“ – истакнува Стефан Спировски.

Се вчитува...