Список на Нурмагомедов: Ова се најдобрите фудбалери на сите времиња…

Актуелниот шампион на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, веќе е влезен во завршна фаза од подготовките за саботната борба против Гатје. Тој во најавата за борбата беше прашан и за фудбалски теми, па на новинарско прашање Дагестанецот го откри својот список на најдобри фудбалери на сите времиња.

“Не ми е лесно да ги изберам најдобрите на светот, но подобри од останатите се Марадона, Меси, Роналдо, Пеле, бразилскиот Роналдо, Зидан и Фиго” – изјави Хабиб, па одлучи да објасни зашто во ова елитно друштво го вклучил и Фиго:

“Тој е еден од најдобрите. Беше најдобар фудбалер на светот во 2000. Година и добитник на Златната топка.”

Се вчитува...