Список: Нено и Рајт лидери, камбек на Николов и на Зеќири

Селекторот Хозеп Марија Берокал го објави спсокот на кошаркари кои треба да се појават од стартот на подготовките за претстојниот старт на новиот претквалификациски циклус за Евробаскет 2029.

Македонија на 30 август ќе гостува во Виена на селекцијата на Австрија, клучен меч за нашиот национален состав ако се знае дека во групата е уште и Кипар, па триумф над Австријците широко би ги отворил вратите кон главната квалификациска рунда.

Одлична вест за нашиот состав е што Ненад Димитријевиќ ќе ги предводи „црвено-жолтите“ во Виена, а заедно со него на располагање на Берокал ќе биде и новиот Американец, центарот Мозес Рајт кој летово од Жалгирис се пресели во Олимпија Милано.

Згора на тоа, во националниот тим се враќаат и Кристијан Николов и Лејсон Зеќири, кои ќе донесат дополнителна широчина во ростерот за овој натпревар.

Берокал и неговиот стручен штаб сметаат на следните кошаркари:

  • Ненад Димитријевиќ
  • Виктор Ташовски
  • Виктор Ефремовски
  • Војдан Стојановски
  • Лука Стојановски
  • Адем Мекиќ
  • Андреј Јакимовски
  • Стојан Ѓуроски
  • Лејсон Зеќири
  • Валмир Какруки
  • Резарт Мемед
  • Тома Стојаноски
  • Петар Бошалески
  • Кристијан Николов
  • Мозес Рајт

Подготовките на репрезентацијата ќе бидат реализирани во Скопје, со почеток на 24 август, во “Т Арената” (од 17.30 часот).

Се вчитува...