Спортинг од Франција со оди со три бода, прв триумф во ЛШ за шампионот на Азербејџан (ВИДЕО)

Во првите натпревари од второто коло во Лигата на шампионите, Спортинг Лисабон славеше на гостувањето кај Ланс со 0:2. Ова е втор триумф за португалскиот тим во елитното клупско натпреварување сезонава.

Во првото полувреме, во моментите кога францускиот тим ја имаше иницијативата, Спортинг поведе со голот на Луис Суарес во 22-та минута. Голот на Суарес може да го видите ТУКА.

Ова беше седми гол за Суарес во Лигата на шампионите и стана играч со највеќе постигнати голови во ЛШ за португалскиот тим.

Во вториот дел, победата ја потврди, Иса Думбиа во 74-та минута откако беше одлично проигран од Андерсен. Голот може да го видите на следниот ЛИНК.

Во вториот натпревар, азербејџанскиот шампион Сабах Баку ја оствари првата победа во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите. Сабах со 2:0 ја совлада Славија Прага.

Голот кој предизвика делириум на трибините на „Олимпискиот стадион“ во Баку го постигна Кахим Парис во 49-та минута со шут од 17-тина метри и на најдобар можен начин го круниса одличниот противнапад. Голот може да го видите ТУКА.

Победата ја потврди Микелс во 88-та минута.

Се вчитува...