„Спортот и фудбалот носат мир… Мечот Бугарија – Македонија не смее да предизвика политички тензии“

ЕКИПА во Разград, Бугарија
Владимир Булатовиќ

Фудбалската репрезентација на Македонија утре во Разград ќе и гостува на Бугарија во првиот натпревар од новото издание на Лигата на нации. Во медиумите во Бугарија главна тема е политичката ситуација меѓу овие две земји.

Легендата на Левски и бугарскиот фудбал Георги Иванов вели дека не смее натпреварот да предизвика политички проблеми и тензии.

„Мечот против Македонија е со голем влог, зашто сакаме да одиме напред, сакаме да победиме. Но, тоа што е меч со голем влог, не смее да предизвика политички проблеми и тензии помеѓу Бугарија и Македонија, зашто на крајот спортот и фудбалот секогаш нисат мир и задоволство кај луѓето. Мислам дека со самата организација, заедно со домаќините во Разград, ќе направи мечот да мине без никакви ексцеси“, вели Иванов. 

Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија кој ќе се игра во Разград е закажан за утре со почеток во

Се вчитува...