Спортскиот директор на Херта е „жртва“ по поразот од градскиот ривал

„Летна и првата глава“ во Херта после поразот од градскиот ривал Унион Берлин на вчерашниот меч на „Олимпискиот стадион“ во Берлин. Унион триумфираше со 0-2, а Херта незадоволна од играта и од резутлатите се реши да го смени спортскиот директор, легендарниот Фреди Бобиќ.

Бобиќ е на оваа функција во Херта од 2021 година, откако претходно пет години беше на таа функција во Ајнтрахт Франкфурт, и четири години во Штутгарт.

Бобиќ е и поранешен фудбалер на Херта, каде играше од 2003 до 2005 година. Тој во минатото настапуваше и за Хановер, Штутгарт и Борусија Дортмунд. Иако после поразот од Унион се очекуваше да биде сменет тренерот Сандро Шварц, сепак, тој „преживеа“.

Се вчитува...