Срамен потег на Мбапе: Од зад грб удри противнички фудбалер (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше со убедливи 3-0 вчера на пријателскиот натпревар против Шалке 04.

И, иако поголемиот дел од натпреварот се играше во пријателски тон, сега се појави видео кое покажува срамен потег на Килијан Мбапе.

Имено, во еден момент, Мбапе, по загубен дуел, му се приближи на Никола Катиќ, и најпрво по меѓусебно вербално префрлање, потоа следи кукавички потег на Французинот.

Мбапе одлучи подмолно да го удри репрезентативецот на Босна и Херцеговина во главата одзади.

„Тотално сум шокиран што Катиќ не го „изеде“ целосно Мбапе после тоа“ – беа дел од коментарите на социјалните мрежи по споделеното видео.

Се вчитува...