Срамна глума на Жорди Алба, Барса доби пенал на подарок (видео)

Кога Барселона губи, не се бара начин за да се стигне до израмнување. Сепак, Жорди Алба ги мина границите на нормалното со срамната глума на вечерашниот дуел со Еибар.

Имено, при резултат 1-2 Алба се обиде со удар од петнаесетина метри, но при самиот шут се преврте, потоа барајќи пенал. Судијата наседна и покажа на белата точка, како да не можеше да поверува дека таков пад може да се одглуми.

Правдата беше задоволена откако Меси го промаши пеналот, но голем дел од шпанските медиуми гласно побараа Алба да биде казнет за ваквата глума, како пример за сите слични ситуации во иднина.

Се вчитува...