Срамен грабеж ја згрози јавноста во Србија, откако засега непознати сторители упаднале во семејната куќа на легендарниот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ во Сремска Каменица. Инцидентот се случил во ноќта меѓу вторникот и средата, во периодот меѓу два и три часот по полноќ, додека во домот спиела неговата мајка Викторија.
Според информациите на српските медиуми, крадците одзеле пари, вредни предмети, но и бројни сувенири од богатата спортска кариера на Михајловиќ кои имаат непроценлива емотивна вредност. Куќата со години служела како своевиден музеј каде неговиот брат, Дражен Михајловиќ, грижливо ги чувал сите дресови, трофеи и фотографии на славниот ас.
Братот на Синиша, Дражен Михајловиќ, ја потврди веста за медиумите, но нагласи дека поради истрагата која е во тек, во моментов не може да открива повеќе детали. Полицијата интензивно работи на расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
