Срамота: Додик со телефонски повик му забранил на кошаркар да игра за БиХ

Кошаркарската репрезентација на БиХ се соочува со нов сериозен скандал откако Александар Лазиќ мораше да го откаже својот настап на следниот дуел со Литванија, поради политички притисок од првиот човек на Република Српска, Милорад Додик.

Лазиќ бил со остатокот од репрезентацијата до Белград, од каде босанската експедиција требаше да полета за Литванија, но тогаш добил телефонски повик од Додик, со јасна закана дека не смее да игра за БиХ, во спротивно ќе добие отказ од неговиот клуб Игокеа.

На крајот, Лазиќ не отпатувал со остатокот од репрезентацијата, a босанската јавност е во шок од целиот скандал, особено откако БиХ пред неколку дена ја совлада Италија и се врати во игра во квалификациите за Мундобаскет.

Се вчитува...