Срамота: Реал ита кон титула, а Бејл „спие“ на трибина

Герет Бејл го навлече бесот на навивачите на Реал Мадрид и во период кога „кралевите“ победуваат и се наоѓаат на чекор до нова титула во Ла Лига.

Реал синоќа рутински славеше над Алавес со 2-0, но камерите фалија интересни инсерти од трибините, како Бејл спие со заштитна маска преку очите. Дали Велшанецот навистина спиел или ова е само порака до Зидан, кој повторно целосно го игнорираше оставајќи го 90 минути да биде резерва е најмалку важно, бидејќи станува збор за апсолутно непочитување кон тимот.

Впрочем, Бејл е најплатен фудбалер на Реал со 400.000 евра неделна плата, а со ваквото однесување тој јасно става до знаење дека сака што поскоро да си замине. Само што, никој нема намера да му даде толкаво богатство на играч што се однесува така непрофесионално во најтрофејниот европски фудбалски колектив.

Се вчитува...