Србија без Новак Ѓоковиќ во Дејвис купот

Селекторот на Дејвис куп тимот на Србија, Виктор Троицки, го објави списокот на играчи за натпреварот против Литванија. Натпреварот од Светската група 1, кој води кон квалификациите за завршниот турнир на Дејвис купот во 2027 година, е закажан за 19 и 20 септември во Ниш.

Овој пат во тимот го нема најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ.

Троицки одлучи против Литванија да настапи со: Миомир Кецмановиќ, Хамад Меѓедовиќ, Огњен Милиќ, Бранко Ѓуриќ и специјалистот за игра во двојки Стефан Латиновиќ.

Се вчитува...