Кошаркарската репрезентација на Србија до 18 години е освојувач на Европското првенство кое се одржуваше во Ниш.
Србите до титулата стигнаа откако во финалето со неверојатна игра славеа над фаворизираната Шпанија со 71-81.
Натпреварот почна израмнето, а по десет минути игра резултатот на семафорот беше 24-24. Србите заиграа за нијанса подобро во вториот период па на полувреме отидоа со минимална предност од еден пеон 40-41. Клучната разлика во мечот се случи на крајот на третиот период и почетокот на последниот кога домќините за првпат стигнаа до двоцифрена предност (56-66).
До крајот Србите ја задржаа предноста и стигнаа до златниот медал. Никола Топиќ со 24 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Марио Сент-Супери постигна 17 поени.
Претходно во мечот за третото место Германија славеше над Франција со 67-59.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА