Србија и Грција се првите полуфиналисти на Светското првенство во ватерполо.
Србите во повеќе од драматичен меч во четвртфиналето ја победија Италија дури по изведувањето на пеналите со 4-3, откако во регуларниот дел мечот заврши 11-11.
Во полуфиналето Србија ќе се соочи со Грција која, пак, во првата четвртфинална пресметка славеше против Црна Гора исто така во тензичен натпревар со 10-9.
Во останатите две четвртфинални пресметки се среќаваат Унгарија – САД и Франција – Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА