Србија ја освои Велика Британија, БиХ подобар од Унгарија

Кошаркарската репрезентација на Србија славеше на гостувањето кај Велика Британија со 68-74 во натпревар од 9. коло од групата И од европските квалификации за пласман на Светското првенство 2023 година.

Србите иако со комбиниран тим успеаја да го исконтролираат резултатот во сите 40 минути и да стигнат до многу важна победа во борбата за учество на Мундијалот. Ристиќ со 15 поени беше најдобар поединец кај Србите, додека кај домаќинот недоволни беа 20 поени на Оласени.

Босна и Херцеговина стигна до важна победа во битката за Мундијалот откако славеше на домашен терен над Унгарија со 83-78. Камењаш со 20 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Филиповити заврши со 17 поени.

РЕЗУЛТАТИ КВАЛИФИКАЦИИ СП 9. КОЛО: 

Чешка – Црна Гора 56-65

Литванија – Франција 65-90

Грција – Летонија 60-80

Естонија – Шведска 82-87

Холандија – Украина 77-96

Германија – Финска 94-80

Турција – Белгија 86-52

Босна и Херцеговина – Унгарија 83-78

Велика Британија – Србија 68-74

Се вчитува...